Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделски календар – Активности во овоштарникот во октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Земјоделски календар – Активности во овоштарникот во октомври
Растително производство

Земјоделски календар – Активности во овоштарникот во октомври

Објавено 06/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во октомври времето значително се менува. Бројот на сончеви денови се намалува, а се зголемува бројот на облачни денови. Дневната температура повеќе или помалку се намалува, а се зголемува опасноста од рани мразеви.

Овоштарство

Во месец октомври се прибираат овошките. Тоа треба да се заврши што поскоро за да се создадат услови за дрвјата навреме да ги извлечат потребните материи од почвата кои ќе им овозможат правилно одвивање на акциите во претстојната зима.

Зимските сорти на овошјата треба добро да созреат на дрвото. Рано обраните плодови во магацините го губат вкусот и сокот. Во просториите за складирање, плодовите се подредуваат на дрвени полици, касети и каси, но само во еден слој.

Дуњите треба да останат на дрвото додека да почнат да паѓаат сами.

Пред да се складираат, оревите треба добро да се исушат на сенка и во добро проветрена просторија.

Откако плодот на лешникот ќе се одвои од обвивката, подобро е да се чува во умерено влажен песок отколку на воздух.

Мушмулите остануваат на дрвото до појавата на првите мразеви. Мразот ги прави меки, кафеави и вкусни.

Во октомври кај сите дрвја се одвива процес на складирање на резервни хранливи материи. Ова, кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата. Во помалите овоштарници, тоа подразбира прашење на дрвцата со што се подобрува водено-воздушниот режим.

Во овој месец, доколку дозволуваат временските услови, се уште може да се садат јагоди. Ова касно садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата.

Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со 2% раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските болести, кадравоста на листот и сл.

Јаболката и крушите препорачливо е да се истретираат со 5% раствор од уреа. Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се премачкаат со 20% варова каша.

Извор: АПРЗ

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Култивирано одгледување на ароматични, зачински и лековити растенија: Одржлива и доходовна можност за современо земјоделство
Таг:овоштарникоктомври
Претходен напис Ѓубривото сѐ поскапо, дали нѐ очекува намалување на производството?
Следен напис (Видео) Новиот интелигентен асистент на јапонските земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?