Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со предупредувањето од Стопанската комора дека храната драстично ќе поскапи.
„Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба. . Ние работиме, додаде, на зголемување на платите на приватниот и јавниот сектор, првично на минималната плата, што потоа ќе придонесе да се зголемуваат и другите плати“, рече Бектеши.
