Цените на житарките, како што знаеме, растат, а исклучок не е ни овесот. Тој чини повеќе отколку во пролетта 2014 година, кога беше забележана рекордна цена, пишува agrarheute.
На берзата на САД оваа недела чинеше околу 0,18 евра/кг, а цените на готовинскиот пазар беа речиси околу 0,19 евра/кг. Тоа е двојно повеќе од пред половина година.
И на германскиот пазар на големо и на извозното пристаниште Хамбург добро се котираше минатиот петок, со 228 евра по тон. Во оваа земја, повисоки цени последен пат беа регистрирани во 2018 година, кога жетвата беше слаба поради сушната година.
Годинава во оваа земја беа ожнеани околу 773.000 тони, што е за 50.000 повеќе од минатата година. Вреди да се спомене дека германските земјоделци последен пат имале слична количина на овес пред 10 години.
Кои се причините за зголемувањето на цената?
Ова не е случај во остатокот од Европа, бидејќи годинава беа собрани 7,9 милиони тони, што е за околу 400 илјади помалку од минатата година. Но, тоа не е главната причина за сегашниот пораст на цените. Поради големата суша, канадските земјоделци ожнеаа максимум 3,8 милиони тони, што е за дури 700 илјади помалку од минатата година. И на ниво на САД, жетвата беше многу послаба неколку децении наназад.
Што се однесува до цените, во Чикаго, оние на терминскиот пазар се искачија на нови рекордни вредности поради екстремниот недостаток во Северна Америка.
Во Европа, пазарот за оваа полска култура е затворен систем кој зависи од тоа како се покажала жетвата во важните региони на производство. Според истражувањето на Европската комисија, побарувачката за оваа житарка на европско ниво изнесува само 7,3 милиони тони и теоретски лесно би можела да се покрие со сегашниот обем на жетва. Од 7,8 милиони тони ќе се извезат само 50 илјади тони, додека се очекува увоз од дури 170 илјади тони.
Најголеми производители на оваа житарка во Европската Унија се Полска, Шпанија и Финска со жетва поголема од еден милион тони, а потоа следи Шведска. Меѓутоа, во овие региони, овогодишните приноси се пониски од лани, а помала жетва исто така имаат и земјоделците во балтичките земји.
Извор: agroklub.rs
