Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа
Агровести

Заев: Земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа

Објавено 02/10/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека од КОВИД-програмата, проектирана во јуни, земјоделците ќе добијат дополнителни три денари субвенции за оризовата арпа.

Со тоа, како што нагласи Заев, ќе им се излезе во пресрет на барањата на производителите за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата.

Заев присуствуваше на завршните настани од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз” заедно со министерката за образование Мила Царовска, заменик-министерот за земјоделство Трајан Димковски и други владини претставници.

-Од КОВИД програмата, која навремено е планирана уште во јуни, ќе им помогнеме на оризопроизводителите со дополнителни три денари по килограм оризова арпа, со што излегуваме во пресрет на барањата за надминување на пониските откупни цени поради пандемијата. Во подрачната единица за земјоделство во Кочани доставени се и 1020 картички за „зелена нафта”, а ги исплативме субвенциите за полјоделски култури од програмата за финансиска поддршка во земјоделството од околу 640,5 милиони денари, во кои влегуваат и субвенциите за оризот што ги добија над две илјади субјекти. Ја почнавме капиталната инвестиција за изградба на браната Речани што треба да заврши до крајот на 2024 година и ќе овозможи наводнување на 1.500 хектари, стабилно водоснабдување и производство на електрична енергија од две хидроцентрали, истакна премиерот Заев.

Заменик министерот Димковски нагласи дека со владината поддршка од 32,5 милиони денари, при што се склучени 25 договори, годинава за првпат во Кочанско за оризовата жетва ќе се користат нови комбајни со уреди за сечкање на сламата, за да се избегне нејзиното палење.

По триесетти пат годинава Општина Кочани беше организатор и домаќин на завршните настани од културно-промотивната манифестација „Денови на кочанскиот ориз”. Со рачното зажнејување со срп и обичаите поврзани со собирањето на родот на површините на Земјоделскиот институт во Кочани, беше означен официјалниот почеток на овогодишната жетва на кочанското „бело злато”.

Земјоделецот Тоше Јорданов од Кочани беше прогласен за најдобар млад оризопроизводител, а паричната награда му ја предаде градоначалникот Николчо Илијев кој нагласи дека една од главните заложби на локалната власт е создавање услови за младите да ги продолжат традициите за одгледување ориз.

На централната свеченост на која присуствуваа и гости од збратимените градови од Унгарија и Бугарија, како и граѓани, беше нагласено дека оризот останува еден од главните македонски земјоделски брендови, поради што ја има поддршката од државата.

Во рамки на програмата на петдневната манифестација „Денови на кочанскиот ориз” се одржаа десетина културни настани со концерти, промоции на книги, филмски проекции и работилници.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заевземјоделциоризсубвенции
Претходен напис Наскоро во Црна Гора ќе се забрани продажба на ракија на рефус на пазарите – казни и до 20.000 евра
Следен напис Бачовски: Во последните 3 години субвенциите за ориз значително се зголемени и достигнаа 30.000 денари од хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?