Познатата водителка Ирена Спировска скоро 30 години ја гледаме на телевизиските екрани. Почетоците на нејзината телевизиска кариера беа во Македонската радиотелевизија, ја помниме и како бинго-девојка, а сега ја води емисијата „Везилка“ на Алфа со Благоја Грујовски и со Адријана Алачки.
Водителката минатата недела се приклучи на Јаболкоберот и на нејзиниот фејсбук-профил објави фотографија како бере јаболка.


