Ако сакате да пробате нешто поинакво, не заборавајте да пробате закиселени јајца. Совршениот сооднос на кисело, слатко и солено го прави ова мезе исклучително вкусно и зачинето. По желба можете да додадете исечкани лути пиперки или чили пиперчиња во теглата со јајца.
Состојки:
720 мл јаболков оцет
240 мл вода
1 кромид
1 лажичка сол
65 гр шеќер
1 ловоров лист
3 лажички зачин за конзервирање
3-4 чешниња лук
12 тврдо варени јајца
малку свеж зачин
Подготовка:
Ставете ги оцетот и водата во тенџере, додадете кромид, сол, шеќер, ловоров лист и зачин за конзервирање. Кога ќе зоврие, оставете го уште 5 минути на ниска температури. Оставете го да се олади. Во стерилизирана тегла ставете чешне лук и неколку јајца, одозгора ставете гранче зачин и прелијте го со преливот. Повторете додека не се наполнат сите тегли. Се лади на собна температура, а потоа се става во фрижидер 3 дена. Закиселените јајца извадете ги од фрижидерот 30 минути пред сервирање.
