Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна бербата на „црвеното злато“ во Иран, извезени 117,5 тони шафран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Почна бербата на „црвеното злато“ во Иран, извезени 117,5 тони шафран
Растително производство

Почна бербата на „црвеното злато“ во Иран, извезени 117,5 тони шафран

Објавено 17/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Количество од 117,5 тони шафран е испорачано од покраината Корасан Разави во првата половина од иранската година, што почна на 21 март 2019 година по јулијанскиот календар.
Шафранот се одгледува во 22 ирански покраини, но покраината Корасан Разави, Северен Корасан и Јужен Корасан во источен Иран го сочинуваат речиси 90 отсто од вкупното производство на шафран во земјата.

Индустријата за шафран создаде околу 200.000 работни места, пишува иранската новинска агенција ИРНА.

Директорот на организацијата за земјоделство Јихад Корасан Разави за ИРНА изјави дека ова количество извоз на стратегискиот производ шафран од Корасан Разави покажува раст од еден отсто во однос на истиот период од минатата година.

Во првата половина од минатата година 115 тони шафран произведени во таа покраина се извезени во странство.

Ова растение се испраќа во повеќе од 50 држави. Шпанија, Виетнам, Катар и Обединети Арапски Емирати беа најголеми увозници на шафран од Иран во текот на минатата година.
Иранскиот шафран познат како „црвено злато“ е магична состојка на персиската култура, од ароматична храна и шарени десерти, до телесна и духовна медицина. Скапиот зачин долго време ужива голема побарувачка и поради него имаше војна во 1374 година во Централна Европа.

Секоја година сезоната на жетва на шафранот почнува на почетокот од ноември. Додека речиси нема друга вегетација, светловиолетово цвеќе ги покрива полињата и создава извонреден пејзаж во сувите предели на Иран. Главните производители на шафран се во источниот дел на земјата.

– Ако сакате да го видите најголемиот пазар на шафран упатете се кон Мешада, што е познат и по своето верско значење. Но, ако повеќе ве интересира од каде потекнува шафранот, треба да ги посетите градовите Гонабад, Торбат Хајдеријех, Тајбад, Каф и Каен. Сите тие градови се во регионот Корасан, а сезоната на берба почнува околу 1 ноември, а трае две, најмногу три недели, пишува ИРНА.

Шафранот одамна се користи како специјален зачин во иранската кујна. Танок слој на ориз помешан со шафран се става над бел голем куп од ориз и жолчки, а најчесто се служи со пилешки ќебапи.

Иранците го ценат шафранот и умерено го користат бидејќи веруваат дека прекумерната употреба на шафран може да им наштети на нивното ментално здравје. Уживаaт во жешките денови во вкусен сладолед од шафран (Bastani Sonnati) или го послужуваат заедно со сладок пудинг (Sholeh Zard) за време на верските обреди.

Исто така прават и освежителен чај од шафран, заедно со ливчиња од цветот на розата.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Едно растение, двојна заштита: Комарците и крлежите бегаат од него
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:ирнапокраинарастениецрвено златошафран
Претходен напис Пчеларите најмногу страдаат од климатските промени, но и од даноците
Следен напис Првото вино од годинешната берба наговестува добра винска година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?