Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Растот на цените не е поголем од генералниот раст на светско ниво, засега нема причина за покачување на цената на лебот, вели Заев
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Растот на цените не е поголем од генералниот раст на светско ниво, засега нема причина за покачување на цената на лебот, вели Заев
Агровести

Растот на цените не е поголем од генералниот раст на светско ниво, засега нема причина за покачување на цената на лебот, вели Заев

Објавено 20/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека растот на цените, којшто во моментов се случува во државата е помал од генералниот раст на цените на светско ниво. Засега, според него, нема никаква причина за покачување на лебот.

– Знаете дека корона-кризата предизвика одредени проблеми кои направија покачување не само на прехранбени продукти, туку и на метални производи и други производи. Кај нас се уште инлфацијата е 1,8 отсто. Корегирина е во буџетот и очекуваме да не помине 2,2 отсто. Тоа е во рамки на нормална, државата е секогаш тука да интервенира – рече Заев во одговор на новинарско прашање.

Заев напомена дека и намалувањето на ДДВ на цената на струјата од 18 на пет проценти е токму еден од најважните услуги. Како што рече, цената се уште се одржува стабилно, без да се покачува.

Тој посочи дека се интервенира и со други мерки и таму каде што е потребно, се со конечна цел да имаме стабилни нивоа на цените. Заев рече дека засега нема никаква причина за покачување на лебот.

– Засега нема никаква причина за покачување на цената на лебот, затоа што условите се исти, државата секогаш интервенира и на сметка на државата прави откуп на вишоците на државните резерви, а после исто така на сметка на држава ги пушта во промет, се со цел да биде балансер на цената на прехранбените продукти меѓу кои овде е значајно брашното и лебот, рече Заев.

Прашан за законот за облигациони односи кој е на сила од 1 октомври, Заев рече дека ова е уште едно законско решение, кое е во процедура, се со конечна цел да интервенираат во помош и поддршка на посиромашните.

– Првото решение е дека каматата не може да биде поголема од главниот долг, и второто решение кое што се надевам Парламентот ќе го поддржи, јас разговарав со пратеничката група, со министерот за правда, го дадов своето мислење, а тоа е дефинитивно застареноста да биде пресечена исто така на десет години и секако делот на каматите кои што поминуваат после десетта година да не смеат да се пресметуваат, рече премиерот.

Според Заев, ова веројатно ќе предизвика одредени последици кај банките и кај компаниите, но како што рече, ако сите тие доверители не успеале за 10 години да ги наплатат побарувањата, тоа е виртуозен круг во кој што се влезени граѓаните, а ништо нема да значи за правните субјекти, банките или фирмите.

– Дефинитивно тоа е пресметан ризик според мене и треба да го отпишат како побарување од спорни и ненаплатливи побраувања кога после веќе 10 години не успеале да го наплатат таквото побарување. А впрочем не е дозволиво каматата да биде поголема и од главниот долг. На крајот, државата постои за граѓаните, рече премиерот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:заевлеб
Претходен напис РКЕ: Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат
Следен напис Се доопремува градскиот пазар во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?