Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Различните бои на градинарските култури се гаранција за присуство на разни комбинации на хранливи состојки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Различните бои на градинарските култури се гаранција за присуство на разни комбинации на хранливи состојки
Магазин

Различните бои на градинарските култури се гаранција за присуство на разни комбинации на хранливи состојки

Објавено 07/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фитосостојките се збир на биолошки активни состојки од растенијата и се од големо значење во смисла на заштита на човечкиот организам. Денес се знае за повеќе од илјада различни фитосостојки. Делуваат на различни начини, а некои имаат повеќе механизми на корисно делување.

Најважно делување е антиоксидативното, потоа делувањето на ендокриниот систем и на хормоните, антибактериско и физикално делување.

Најчесто споменувани фитонутритиенти се антиоксидансите, состојки кои клетките на организмот ги штитат од оксидациското делување на слободните радикали. Слободните радикали се непостојани електрони кои се создаваат секојдневно, а ги уништуваат клетките, ДНК протеините и колагенот во нашиот организам.

Зеленчукот, освен витамини, содржи доста важни диетални влакна, заслужни за добра функција на варењето, што е пак предуслов за правилна циркулација на храната низ организмот.

Зеленчукот со жолто-портокалова боја (сладок компир, морков, тиква, жолт компир и сл.) содржи повеќе различни антиоксиданси (каретеноиди, витамин Ц, биофлавоноиди итн).
Фитонутритиентите кај така обоениот зеленчук помагаат при заштита на срцето и крвните садови, го зајакнуваат имунитетот на организмот и делуваат на зачувување на видот.

Зелениот зеленчук, како што се краставица, марула, грашок, брокула, кинеска зелка, кељ, артичока, мешунки, спанаќ и слично, содржат силни антиоксиданси како што се лутеин и полифеноли, кои го намалуваат ризикот од појава на некои видови рак и ги зајакнуваат коските и забите.

Виолетовиот зеленчук (модар патлиџан, виолетови шпаргли и сл.) ја намалуваат опасноста од развој на некои видови тумори, го забавуваат стареењето, добро делуваат на уринарните канали и го подобруваат помнењето.

Зеленчукот со бела боја (лук, кромид, ѓумбир, корен од магдонос…) го штити срцето и крвните садови, бидејќи го намалува холестеролот во крвта и го намалува ризикот од појава на рак, како и ризикот од мозочен удар.

Црвената боја на зеленчукот во голем дел потекнува од антоцијанот и ликопенот, кои воедно се и силни антиоксиданти.

Најпознат зеленчук со црвена боја се доматите, па потоа лубеницата, ротквица, црвен компир, рабарбара и слично. Црвениот зеленчук ја намалува опасноста од појава на рак, го подобрува помнењето, ги штити уринарните органи.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:зеленчук
Претходен напис Кои се придобивките од раното есенско орање?
Следен напис Нов скок на цената на дизелот – Од полноќ ќе биде поскап за три денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?