Доцна попладневно тиквешките лозари незадоволни од текот на откупот на винското грозје протестираа пред капиите на Винарската визба Тиквеш. Револтот на лозарите е поради уривањето на цената на килограм вранец од претходно објавената. Тие велат дека пред некој ден од лозаропроизводителите се барало вранецот да има 19 шеќерни единици за откуп, а од утрово без никаква најава до нив, од таму и било речено дека шеќерноста се зголемува на 21,6 малигани.
-„ Лично вчера зедовме белешка за потребни 19 шеќерни единици, а денес кога го донесовме грозјето со 20 малигани ни беше вратено со образложение дека ја нема потребната шеќерност“, коментира производителка на грозје присутна на протестот.
Дел од лозарите сметаат дека истурањето на грозјето не е правиот начин за решавање на проблемите.
-„Треба се најави протест пред винаријата и јас сум за тоа, но сега мислам дека само ќе се направи проблем на лозарите затоа што не е обрано ни 30 % од картошијата а таа не чека . Затоа треба сериозни преговори, да се седне и да се разговара“, смета друг производител.
Инаку од месец јуни Винаријата Тиквеш почна со потпишување на договори со лозаропроизводителите за откуп на грозје од сортите, мерло, каберне совињон, пардоне, ризлинг, темјаника, како и најзастапените смедеревка и вранец.
Тогашод винаријата изјавија дека оваа година го почнаваат процесот на потпишување договори со нивните партнери многу порано од вообичаеното. Со ова, како што рекоа од таму сакале да внесат поголема сигурност и стабилност во целиот процес на соработка и да го зајакнат партнерството со лозарите, што е нивна трајна, стратешка определба.
Очигледно незадоволни од цената на грозјето, лозарите од Кавадарци и околината, по неуспешните преговори со компанијата, денеска го истураа родот пред капијата на Винарската визба – Тиквеш.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии од истурање на грозје и собир на незадоволни лозари.

Фото: Фејсбук
За ситуацијата со откупот во ВВ Тиквеш запознати се и надлежните инситуции од каде се очекува реакција.
