Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција годинава очекува најмало производство на вино во историјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција годинава очекува најмало производство на вино во историјата
Агровести

Франција годинава очекува најмало производство на вино во историјата

Објавено 09/09/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради мразот и болестите што ги опустошија лозјата, Франција оваа година ќе произведе најмалку вино откако започнале да објавуваат податоци, соопшти француското Министерството за земјоделство.

Во споредба со просекот во изминатите пет години, производството ќе биде пониско за една четвртина, односно 29 проценти помало отколку во 2020 година и ќе достигне 33,3 милиони хектолитри.

„Пролетните мразови намалија добар дел од производството и ќе бидат најниски во историјата, послаби отколку во 1991 и 2017 година“, се вели во соопштението на министерството.

Производството исто така страдало од силните пролетни мразови во тие две години, забележува Ројтерс. Од Министерството посочуваат и дека годинешните загуби ќе се продлабочат со појавата на болести на виновата лоза.

Во август, министерството проценило дека производството на вино годинава ќе падне од 24 до 30 проценти, на 32,6 до 35,6 милиони хектолитри.

Од министерството велат дека скоро сите домашни винарски региони се погодени од неповолните временски услови, но со различен интензитет.

Производството во регионот Шампањ се претпоставува дека ќе се намали за 36 проценти поради обилните летни врнежи, што го поттикна развојот на мувла и зголемените загуби поврзани со мразот. Мувлата предизвикува сушење на гроздовите и лисјата, пренесува Ројтерс.

Производителите предупредија во јули дека може да се загуби дури половина од бербата, иако резервите на пазарот нема да бидат загрозени, благодарение на залихите од претходните години.

Според информациите од Министерството, регионот Бургунди-Божоле исто така е тешко погоден и неговото производство треба да се преполови во споредба со 2020 година, поради мраз, град и болести, кои уништиле добар дел од родот на Бургундија.

Во регионот Бордо, производството треба да опадне за една четвртина. Областа Совињон била тешко погодена од мраз, така што производството на бело вино ќе се намали, додека сортата грозје мерло, која особено се користи во производството на заштитените вина од Сен-Емилион и Померол, претрпело последици од болести.

Најголемиот производствен регион, Лангедок-Русилон, ќе забележи пад од 32 проценти во однос на минатата година, со дополнителни штети предизвикани од сушата, соопштило министерството.

Одгледувачите на киви, кајсии, јаболка и други овошја исто така се тешко погодени, заедно со земјоделците на други култури, особено на репката, пренесува Франс 24.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:виногрозје
Претходен напис Денеска облачно со повремен дожд
Следен напис „Везе Шари“, „Лекер“ и „Јона пиле“, доделија награди за најуспешните земјоделци за 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?