Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Винскиот музеј Кавадарци за една година посетен од над четири илјади гости
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Винскиот музеј Кавадарци за една година посетен од над четири илјади гости
Агровест

Винскиот музеј Кавадарци за една година посетен од над четири илјади гости

Објавено 07/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винскиот музеј во Кавадарци го посетиле над четири илјади гости од земјава и странство за една година, во услови на пандемија. Ова го соопшти директорката Весела Честоева, на синоќешното одбележување една година од постоењето на културната институција.

No photo description available.

-Музејот има една од главните цели и задачи кои се основни за секој музеј: истражување, собирање, стручна и научна обработка на музејскиот фонд, негова заштита, презентација и објавување. Својата дејност ја врши и преку организирање, односно презентирање на музејските предмети и материјал во изложби со постојан и времен карактер, рече Честоева.

No photo description available.

Според неа, Музејот е институционален носител на целокупната музејска дејност во делот на винарството во цел регион на винските патишта и има обврска да врши и развива музејска дејност во делот на заштитата на културното наследство.

May be an image of 1 person, standing, indoor and brick wall

-Во соработка со Музеј галеријата и пред се со локалното население успеавме да ја збогатиме музејската збирка поврзана со лозарството и винарството, за што укажувам благодарност до одделението за етнологија при Музејот, заедно со виш кустос Томе Крстевски – истакна директорката.

No photo description available.

Таа додаде дека поради светската пандемија и кризата, активностите продолжија согласно протоколите и пропишаните мерки. Директорката сподели и дел од проектите во минатата година, но најави и нови за наредниот период. Задоволство од постоењето на Музејот изрази и кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, нагласувајќи дека поддршката ќе продолжи со цел промовирање на историјата, културата и традицијата.

May be an image of 1 person, brick wall and outdoors

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Претходен напис Во Гевгелија се одржува традиционалната „Смоквијада 2021“
Следен напис Сесија посветена на НП Шар Планина на Светскиот самит за конзервација на природата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?