Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите
Субвенции

Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите

Објавено 06/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозари, исплати над 151 милиони денари . Станува збор за исплата на мерките 1.10 А  и 1.10. Б, односно исплата на 2 денари за килограм  предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка.

Корисници на мерката 1.10 А се сите производители на грозје   кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка“

 Додека корисници на  1.10 Б  се сите производители кои користат средства за 1.18 а аплициарале и  по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка,

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели  дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.

„Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите  од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. “- истакна Бачовски.

Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување  на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род  и да ги подготват насадите за новата реколта.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:субвенции
Претходен напис (ВИДЕО) Министерот Хоџа веднаш кај лозарите: Знаете дека ќе помогнеме, годинава ќе имаме подобар откуп и цени
Следен напис Министерот Хоџа денеска ќе учествува на манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?