Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев и Николовски на увид во изградбата на биогасна електрана во Лозово: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев и Николовски на увид во изградбата на биогасна електрана во Лозово: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства
Агровести

Заев и Николовски на увид во изградбата на биогасна електрана во Лозово: Приватната инвестиција која ќе обезбеди струја за 2.750 домаќинства

Објавено 04/09/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија заедно со заменикот на претседател во Владата за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски и со градоначалникот на Општина Лозово и градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски, денеска ја посети биогасната електрана во изградба во Сарамзалино.

Вкупната вредност на инвестицијата на „Био Ентерпрајс“ од Охрид во оваа биогасна електрана изнесува близу 6.000.000 евра и во првата фаза ќе обезбеди 15 работни места.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори ќе ја задоволи потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите по повод посетата на инвестицијата истакна дека биогасната електрана Сарамзалино постројката со инсталиран капацитет од 2.000 kW целосно се вклопува во заложбите не енергетските политики на Владата за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија од обновливи извори.

„Уште два фактора се вклопуваат во нашите заложба: Приватната иницијатива да се прифати предизвикот и да се влезе во една ваква инвестиција, и дополнителната вредност на овој проект како ресурси за оваа електрана да се користат ресурси, односно биомаса од сопствено производство и преку развивање на соработка со локалните земјоделци, фармери и преработувачи на храна и земјоделски продукти“, нагласи претседателот на Владата Заев.

Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година, и во оваа фаза се во тек градежните работи на опремата за обработка за биомасата и за биогас, по што ќе следува монтажата на генераторските единици, а пуштањето во употреба на електраната е предвидено за април наредната година.

„Оваа инвестиција станува дел од зголемувањето на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори согласно енергетската стратегија на државата, и учествува во поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните фармери и стопанства“, потенцираше премиерот Заев.

Што се однесува до сопственото земјоделското производство, компанијата веќе има обезбедено државно земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра.

Заменик-претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски го издвои учеството на овој проект од аспект на рамномерен регионален развој што е особено значајно за овој регион кој во претходните години беше запоставуван или беше жртва на погрешни „Субрата Рој“ политики.

„Што се однесува до сопственото земјоделското производство, во соработка со Владата и локалната самоуправа на инвеститорот му е отстапено државно земјоделско земјиште под закуп на кое е започнат инвестиционен проект за модернизација и унапредување на производство на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување. Инвестициониот циклус во земјоделието е започнат во 2021 година, до сега се инвестирани над 200.000 евра и се планира да се заврши до 2024 година со вкупна инвестиција од над 1.500.000 евра. Тоа е од огромно значење на локалното население кое е претежно ориентирани кон земјоделството“, нагласи заменик-претседателот на Владата, Николовски.

Градоначалникот на Општина Лозово Ацо Велковски информираше дека општината ја прифати и максимално ја поддржа оваа инвестиција како особено значајна од повеќе аспекти за Лозово и за жителите на оваа општина, и во соработка со Владата ја обезбеди сета административна постапка за нејзина непречена реализација.
На настанот, се обрати и сопственикот на „Био Ентерпрајс“ како инвеститор на биогасната електрана Сарамзалино Петар Спасески кој информираше дека во општината и во Владата имале одличен соговорник и партнер за реализација на инвестицијата во сите фази и додаде дека со неа се отворени уште многу други можности за дополнителни инвестиции во земјоделството и спа туризмот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:биогаснавладаотваарњецентрала
Претходен напис Цената на медот постојано расте, производителите на мед имаат свое оправдување
Следен напис Николовски: Ваквите капитални инвестиции го тргаат фокусот од градовите и создаваат можност за модерен и современ живот во руралните средини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?