Боровинките се нарекуваат суперплодови поради голем број позитивни ефекти врз здравјето на луѓето, а исто така се и исклучително вкусни. Сепак, рачната берба на боровинки воопшто не е лесна работа и потребно е прилично време да се соберат доволно боровинки за да се наполни еден мал сад.
Берачите на боровинки се поделени околу начините на собирање боровинки. Оние поискусните сметаат дека рачното берење на боровинките е единствениот начин на кој нема да се згмечат плодовите и да се уништи грмушката.
Но има и такви кои сметаат дека побрзо може да се собере поголемо количество боровинки со таканаречени „чешли“ или „вилушки“.
Деновиве на Интернет се прошири видео на кое се покажува собирање на едни од најомилените бобинки со т.н.р. вилушка или чешел, а илјадници корисници на социјалните мрежи беа изненадени од ваквиот начин на собирање.
Бидејќи се мали и лесно можат да се згмечат, боровинките на видеото се берат со помош на необична метална справа која ја нарекуваат „вилушка“. Берачите со неа поминуваат низ грмушката и ги собираат повеќето боровинки, како што тврдат тие, без да ги уништат плодовите и грмушката и ги префрлаат во садовите, здрави и цели, пренесува Унилад.
Што мислите вие, дали „чешелот“/„вилушката“ ги уништува боровинките?
