Во подрачната единица во Тетово, имав чест лично да поделам картички за зелена нафта на земјоделците од Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце. Во оваа подрачна единица, опфатени се вкупно 1304 земјоделци од тетовскиот регион, а вкупната вредност на картичките изнесува околу 4.3 милиони денари.
Kартичките доаѓаат кај земјоделеците во ек на берба и пред почеток на есенска сеидба, токму кога нафтата е најпотребна и кога најмногу се користи земјоделската механизација.

До крајот на неделава ќе бидат распределени картички за зелена нафта во сите останати подрачни единици на целата териоторија на државата. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.
Безготовинската картичка е намената за набавка на дизел гориво на било која бензинска станица на Макпетрол АД на целата територија на РСМ.

Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крајот на април 2022 година.
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.
