Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе први ги добија картичките за зелена нафта, во наредните денови картичките ќе бидат достапни за останатите подрачни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе први ги добија картичките за зелена нафта, во наредните денови картичките ќе бидат достапни за останатите подрачни
АгровестиМеханизација

Бачовски: Земјоделците од Штип, Велес и Свети Николе први ги добија картичките за зелена нафта, во наредните денови картичките ќе бидат достапни за останатите подрачни

Објавено 24/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски заедно со раководителот на подрачната единица на МЗШВ во Штип, Павел Иванов, денеска ги доделија првите картички за точење „еуродизел гориво за земјоделска механизација“. Бачовски апелираше до сите земјоделци кога ќе одат да ги подигнат картичките за зелена нафта да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19. Тој додаде дека во подрачната единица во Штип доставени се вкупно 1.148 картички со вкупна вредност од 7,7 милиони денари.

„Од овој момент, освен земјоделците од Подрачната единица Штип, своите персонализирани платежни картички ќе може да ги подигнат и сите земјоделски стопанства кои спаѓаат во подрачните единици на МЗШВ во Велес и во Свети Николе.

Веќе утре картички за зелена нафта ќе може да подигнат и земјоделците од Тетово и Боговиње, а наредните денови картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево. Од 26 август сите земјоделци од Демир Хисар и Битола ќе може да ги подигнат картичките со кои ќе може да точат субвенционирано „еуро дизел гориво“, истакна Бачовски.

Распределбата почнува од полјоделците кои штотуку ја завршија жетвата и од овогодинешната реколта и кога секој денар им е добредојден за да се подготват за есенска сеидба.

Корисниците на мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска, потребно е да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението.

Како и минатите години и оваа важат истиот начин и принцип на користење на картичките. Крајниот рок за искористување на средствата кои се на располагање на „зелената картичка“ е до крај на април 2022 година. Согласно изработената методологија, висината на поддршката по корисник е утврдена во зависност од големината на површините и типот на земјоделски култури што се одгледуваат. Вкупно за оваа мерка обезбедени се 200 милиони денари.

Зборот е збор, трета година по ред доделуваме дополнителна помош за земјоделците во вид на картички за зелена нафта. Почнавме со 30% поддршка, а оваа и претходната година финансиравме 50 отсто од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација. На овој начин директно влијаевме врз намалување на  производните трошоци кај лозарите, овоштарите, градинарите и поледелците. Земјоделците се наш партнер како и досега и во иднина ќе продолжиме да креираме мерки и Програми кои ќе помагаат во раст и развој на агросекторот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:годинагоривозелена нафтапрограмисектори
Претходен напис Во Франција се разгледува можност за вакцинирање на живината против птичји грип
Следен напис (Фото+видео) Скопјанецот Акташи уловил сом долг 2 метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?