Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД Водостопанство го ДЕМАНТИРА здружението „Напредни лозари“: Изјавите се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД Водостопанство го ДЕМАНТИРА здружението „Напредни лозари“: Изјавите се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба
Агровести

АД Водостопанство го ДЕМАНТИРА здружението „Напредни лозари“: Изјавите се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба

Објавено 20/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Соопштение до медиуми

Во врска со изнесеното  соопштение и  дадената изјава од страна на претседателот на здружението ,,Напредни лозари,,  Трајче Кулев до медиумите, АД Водостопанство на РСМ – Скопје го издава следниот демант по однос на истото.

Поголем дел од изнесените наводи во изјавата  на претседателот на здружението “Напредни лозари” се неточни, невистинити, неаргументирани и не одговараат на фактичката состојба во однос на работењето на АД Водостопанство  за тековната сезона за наводнување.

Дадената изјава се однесува поконкретно за Тиквешкиот регион кој е во надлежност на нашата подружница Тиквеш во Кавадарци. Имено во подружницата Тиквеш од почетокот на сезоната за наводнување од  16.04 2021 година постојано се врши редовно и континуирано снабдување со вода за сите категории на водокорисници, освен во краток временски период кога се изврши неопходното редовно чистење на отворената каналска мрежа и санација на  настанат дефект.

Заклучно до денес подружницата Тиквеш- Кавадарци има испорачано 65.000.000  m3  вода за потребите на водокорисниците и земјоделците  на целата територија на нејзиното подрачје на дејствување.

Поради долготрајните екстремно високи температури и сушата, потрошувачката на вода енормно се зголеми и значително ги надмина капацитетите на хидросистемите и постројките за наводнување.

АД Водостопанство во текот на целиот период од сезоната за наводнување ги презема сите неопходни мерки и ги стави во функција сите моментално расположливи капацитети и ресурси за континуирано снабдување со вода на земјоделските површини опфатени со хидросистемите за наводнување.

            На поедини делови од ХМС Тиквеш се појавија одредени проблеми како резултат на   намалената количина и недоволен доток  на вода од реките и микро акумулациите во системите за наводнување, поради што не постои можност за испорака на вода до одредени земјоделски површини и култури, како што е случајот со каналите за наводнување  К-1 и К-2 од ХС Бошава.

Сепак и покрај високите температури и сушата, подружница Тиквеш континуирано испорачува  количина на вода од 12,50 m3/sek  за потребите на наводнувањето.

Во такви екстремни услови на севкупно зголемена потрошувачка на вода се применуваат посебни мерки со мобилност на сите расположливи капацитети со цел снабдување со вода за наводнување на целата територија на ХМС Тиквеш.

Во делот на дадената изјава за наводнување на паркови и зеленило потенцираме дека наводнувањето, одржувањето и користењето на парковите и зеленилата во град Кавадарци се во надлежност на ЈП Комуналец Кавадарци. АД Водостопанство нема надлежност врз наводнувањето на наведените паркови и зеленила.

Дадената изјава на претседателот на здружението “Напредни Лозари “Трајче Кулев е некоректна и не води кон градење на взаемна доверба, заедничка соработка и реализирање на јавниот интерес на сите корисници на вода.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостопанстводемантнаводнувањефактичка состојба
Претходен напис Лозари реагираат дека гроздоберот почна и дека винарии склучувале договори без да се знаат цени за грозјето
Следен напис Платежна агенција: Исплатени субвенции за млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?