Крушево е прва општина во Република Северна Македонија која е сертифицирана како Ковид 19 безбедна дестинација, а градоначалникот Томе Христоски е оценет како човекот кој го враќа Крушево на светската мапа.
Ова се дел од впечатоците од посетата на претставници од Европскиот совет за туризам и трговија по посетата на Крушево. Преку неколку објави на „онлајн“ медиуми Крушево се дефинира како прва безбедна дестинација во Северна Македонија која ќе поттикне повеќе туристи во посета на општината, а Томе Христоски е градоначалникот кој го предводи овој успех за Крушево.
„Денес Крушево ги спојува богатствата од минатото со една позитивна перспектива за иднината. Со вакви моќни и ефикасни лидери (како Томе Христоски) Крушево ветува дека ќе го продолжи својот раст како град модел во Северна Македонија и на Балканот“, се вели во една од објавите.
Сертификацијата на општина Крушево ќе донесе една релаксација и удобност на туристите, а студиите, се вели во објавата, велат дека 80 проценти од туристите бираат исклучиво безбедни Ковид 19 дестинации.
Придонесот за оваа сертификација е поттикнат и од иницијативите на градоначалникот Томе Христоски како распределба на маски, нараквици и средства за хигиена.
