Во црногорското етно-село „Montenegro“, кое е оддалечено 34 километри од Никшиќ, десетта година по ред ќе се одржи натпревар во лежење.
Ова јубилејно издание на натпреварот ќе се одржи денеска, а наградата за победникот ќе биде 300 евра.
„Прва награда 300 евра. Правилата се исти: Уживање, спиење, читање книги, јадење, пиење, се е дозволено освен станување“, стои во известувањето објавено на Фејсбук. Оваа година правилата се малку изменети, така што на учесниците ќе им биде дозволено да одат во тоалет на секои осум часа.
