Со износ од 574 евра за тон, цената на маслодајната репка скоро достигна рекорд од крајот на април, пишува Agrarheute, од каде што констатираат дека ценовните вредности на оваа култура општо пораснале последниве пет дена за 35 евра а тој тренд би можел и да продолжи. На канадската берза таа достигнала 591 е/т и тоа после корекцијата на прогноза на жетвата, која е поврзана со големите жештини и сушата.
Се претпоставува и дека европските цени ќе ја следат оваа насока, како и онаа за сојата. Се смета дека тие ги достигнуваат овие вредности поради наглиот раст на цените за палминото масло во Малезија.
Во канцеларијата за агроекономски истражувања и анализи „Strategy Grains“ сметаат дека ваквата ситуација веројатно ќе ги поттикне европските земјоделци да ги зголемат површините под оваа поледелска култура и тоа на ниво кое не се памети.
Oграничено снабдување?
Во оваа компанија прогнозираат дека производството на маслодајна репка во Европската Унија ќе достигне 17,03 милиони тони што е нешто повеќе од минатогодишните 16,61 милиони тони, но и дека вкупното снабдување ќе биде ограничено. Покрај тоа, расте загриженоста поради оштетување на посевите поради временските неприлики поради што ќе паѓа и залихата на оваа култура од веќе ниското ниво кое е достигнато во сезоната 2020/2021.
Причина за ова е послабиот увоз во ЕУ поради многу високите цени на канадските и австралиските залихи, но истовремено и зголемениот извоз.
Според извештајот на Европската комисија, до 8 август во ЕУ се увезени 414.000 тони, а извезени 95.000 тони. Најмногу увезена маслодајна репка, 140.000 т заминале за Германија а главни доставувачи биле Австарлија и Украина.
Најголем производител на оваа репка, според глобалната интернет-платформа за трговија Tridge, е Канада, со 18,6 милиони тони во 2020 година. Минатата година забележан е пад на производството од 8,33 проценти во однос на претходната, 2019 година. Друг најголем производител е Кина со 13,5 милиони тони, а следува Индија со 9 милиони тони.
Се ближат роковите за сеидба
Сеидбата на маслодајната репка ги очекува земјоделците во наредните денови. Прашање е како таа ќе може да се изврши со оглед на екстремните жештини и недостатокот на влага.
Според поранешните совети, оптимално време за нејзина сеидба е од 25 август до 5 септември, но можно е да биде и пролонгирана.
Ваквата ситуација би можела да ги поттикне европските земјоделци да ги зголемат површините под оваа култура и тоа на ниво кое не се памети.
Извор: agroklub.com
