Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7
АгровестиФондови

Нов дополнителен рок од 15 дена за сите заинтересирани за искористување на средства од ИПАРД 2, Мерка 7

Објавено 19/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите заинтересирани за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2, мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, дека се дава дополнителен рок од 15 дена за доставување на апликациите за добивање на финансиска поддршка преку оваа мерка од ИПАРД 2 програмата.

Ова значи дека наместо до 22 август 2021 година, комплетната документација заедно со барањето за финансиска поддршка од ИПАРД, заинтересираните ќе може да ги достават до 6 септември 2021 година.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека со продолжување на рокот за аплицирање им се дава дополнителна можност на апликантите за прибирање на целокупната документација која е потребна за поднесување на барања за добивање на средства преку мерка 7„Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.

„И ние и Телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, увидовме дека заради летните одмори, најголем дел од домашните и странски добавувачи работат со редуциран капацитет, со што апаликантите се соочуваат со проблем околу прибирање на потребната документација и понуди за набавка на инвестициите, што пак е услов за прифаќање на апликацијата како комплетна.Токму затоа им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани да можат да достават квалитетни, целосни апликации преку кои ќе се искористат расположливите средства.“ – информира Бачовски.

На овој повик на располагање се над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредност а повратот на инвестицијата е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Со помош на средствата кои се на располагање на овој повик апликантите може да инвестираат во следните сектори:

1.Алтернативно земјоделско производство
2.Алкохолни производи од грозје или овошје и пиво;
3. Колачи, тестенини и пекарски производи;
4. Чај и билни екстракти;
5.Зачини и билки;
6. Слатководна риба, ракови и мекотели и
7. Други производи кои не се наведени во Листа на производи од Анекс I на Договорот за функционирањето на ЕУ.
8. Производство на не-прехранбени производи
9. Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
10.Обезбедување на услуги во земјоделството
11.Развој на услуги за руралното население
12. Промоција на руралниот туризам

Целокупната документација која е потребна за аплицирање може да се најде на веб страната на АФПЗРР, www.ipardpa.gov.mk. Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата се нуди можност да се модернизираат домашните мали и микро претпријатија кој се моторот на домашната економија.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:дополнителенИпард
Претходен напис За пчеларите во моментов две можности за неповратни пари, преку Ипард и мерката „Млад земјоделец“
Следен напис Сушата го уништи родот во лозјата – велат од „Напредни лозари”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?