Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, во рамките на проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес, во недела, на 15 август 2021 година, во 18.30 часот ќе го отворат инклузивното игралиште „Парк на срцата“.
Што е „Паркот на срцата“?
Проектот ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост е финансиски поддржан од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е имплементиран од страна на Швајцарска Агенција за развој и соработка во Р С Македонија и Министерство за локална самоуправа.
Инклузивен Смарт Туризам претставува подобрување на пристапноста и развој на инклузивноста преку воведување на нови рекреативни содржини и услуги и нивно интегрирање со постојните содржини во туристичката атракција езеро Младост да се овозможи еднаков пристап за сите домашни и странски посетители.
Со проектот се изгради инклузивно игралиште со две тактилни патеки и реквизити, обезбедување пристап до плажа до вода и набавка на реквизити за во вода.
Главната активност на проектот е инклузивното игралиште „Парк на срцата“, со две тактилни патеки и реквизити, соодветни на потребите на сите посетители, вклучително посетителите со ограничена мобилност и попречености. Исто така дополнителна активност се и реквизити за обезбедување на пристап до плажа и пристап до вода за посетителите со ограничена мобилност. Со ова не само што се овозможува рекреација на децата и лицата со попречености и нивна максимална инклузија со можност за дружење и игри без разлики, туку се придонесува за здравјето и благосостојба на сите домашни и странски просетители. Ова долгорочно ќе придонесе за препознавање на нашата држава како земја на инклузивен туризам и можност за одмор и рекреација за сите. Со овој проект, лицата со посебни потреби добиваат можност да бидат целосно вклучени во содржините на езерото, но и самиот парк, во кој, покрај лица со посебни потреби, ќе има можност да доаѓаат и други деца, со цел нивно заедничко дружење, запознавање односно постигнување на главната цел за меѓусебна интеграција. Дополнително, дел од парцелата за уредување на игралиште веќе е оплеменета со нови садници, што значи дека за одреден временски период сите посетители ќе уживаат во благодетите на уште поубава и пораскошна природа.
Во инклузивното игралиште „Парк на Срцата“ особено значење се дава на подигнување на свест на граѓаните дека и лицата со попречености треба да добијат можност да бидат еднакви и да го добијат правото да функционираат во општеството како и останатите граѓани. Регионот со овој проект промовира еднаквост на сите жители не само во регионот, туку и на национално ниво.
