-Организиравме акција на општинската администрација, граѓани ангажирани преку програмата за јавна работа, вработени во јавното претпријатие за комунални услуги и граѓани. Се собираа пластичните шишиња и други отпадоци оставени во гаснењето на големите шумски пожари што го зафатија Беровско-пехчевскиот регион.
За огромна пофалба е, дечиња од селото Будинарци исто така самоиницијативно собираа пластични отпадоци оставени после борбата со огнената стихија која се закануваше на нивното село – напиша Звонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово на својот фејсбук-профил.






