Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со каналчиња меѓу редовите и наводнување, пиперката полесно ги поднесува виоските температури
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Со каналчиња меѓу редовите и наводнување, пиперката полесно ги поднесува виоските температури
Растително производство

Со каналчиња меѓу редовите и наводнување, пиперката полесно ги поднесува виоските температури

Објавено 12/08/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пиперката спаѓа во групата растенија кои се наводнуваат директно кон коренот, треба да се избегнува оросување на листовите и плодовите. Како да се постигне тоа?

Земјоделска сезона и производството оваа година ја карактеризира долг временски период со многу високи дневни и ноќни температури што има значително негативно влијание бидејќи скоро за сите растителни видови температурите повисоки од 36°C, се далеку од оптималните услови.

За раст и развој најповолна температура, со поволен процент на влага, за сите растенија е од 22 до 25 °C. За разлика од луѓето и животните кои имаат механизми за регулација, растенијата зависат од влијанието на надворешните температури без никакви механизми. Затоа, основата на секое растително производство е континуиран пристап на вода. Како посевите ќе ги поднесат овие жештини, зависи од видот на почвата, нивото на развиеност на коренот и правилниот начин на наводнување.

Пиперката ја впива водата во зависност од развојот на коренот

Пиперката е специфична земјоделска култура која зависно од степенот на развој на коренот релативно слабо ја впива водата, а со добро развиена лисна маса и плодови троши многу вода. За правилно одгледување при наводнувањето, при сушни периоди вкупната влага на почвата би требала да биде од 70 до 80 отсто од полскиот воден капацитет.

Со растот на растението расте потребата и за вода, а колку, кога и како да се наводнува пиперката зависи од неколку фактори. Првиот е температурата, а потоа релативната влажност на почвата, степенот на развиеност на кореновиот систем и видот на земјиштето. Ова се сите параметри кои се важни во оптимални услови. Меѓутоа, во оние екстремни, на кои сме сведоци овие денови, потребата за вода расте.

Правилно наводнување

Многу е важно да се процени кога и како да се наводнува. Со утринското или предвечерното наводнување се избегнува водениот стрес на растението. Меѓутоа, изгледот на стеблото и на листовите на пиперката може да нѐ измами. Не значи секогаш дека овенатиот изглед на стеблото, свиеноста на листот на директно сончево влијание и при високи температури, се знак за потреба за вода. Растението на такви услови едноставно се прилагодува и зависи исклучиво од содржината на расположлива вода во почвата.

Обично горниот слој на почвата површински изгледа суво, се создава коричка, меѓутоа ако претходно правилно се спроведени агротехничките мерки, кореновиот систем може полесно да се развива и да оди во длабочината на почвата, каде што релативно е поголема влажноста и можноста за земање на водата.

При садење најдобро е меѓу редовите да се направат каналчиња одделени пет до десет сантиметри со издигнати гредички меѓу кои се поставува системот капка по капка. Непосредното континуирано натопување од 10 до 20 см од стеблото ги поттикнува посевите како и подобар развој на кореновиот систем.

Во недостаток на вода помага малчирање

Таканаречениот технички минимум за пиперката, кога е во прашање влажноста на земјиштето, е до 80 отсто од полскиот воден капацитет. Тоа во суштина претставува количина вода која се задржува во земјиштето, после максималното заситување и процедување на слободната вода под влијание на гравитацијата. Еден од начините на одржување на ова ниво е континуирано наводнување.

Како и за секое растение, а посебно за пиперката, важи правилото да нема производство без континуиран пристап на вода. Нејзиниот недостаток нема алтернатива ниту може да биде со што било заменета. Сепак, може со одредени агротехнички работи да се надополнуваат во смисла на што подолго задржување на влагата. Многу е ефикасно малчирањето кое спречува капиларно испарување на влагата од почвата. Малчот во суштина ја чува влажноста, а најдобро е да се употребат органски материи како слама или откос помеѓу редовите.

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:наводнувањепипер
Претходен напис Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност
Следен напис Потврдена африканска свинска чума во Унгарија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?