Водостојот на поголем дел од реките денеска е повисок во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. За 59 сантиметри денеска е повисоко нивото на Црн Дрим во споредба со вчера, за 14 сантиметри нивото на Бабуна, а зголемување се бележи и кај реката Вардар, освен кај Велес каде денеска нивото е за пет сантиметри пониско во однос на вчера.
Кај останатите реки водостојот е понизок или на исто ниво како и во текот на вчерашниот ден.
