Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците на кои им е раскинат договорот за закуп, до одземање од владение ако ги платат давачките кон државата, ќе им се врати земјата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците на кои им е раскинат договорот за закуп, до одземање од владение ако ги платат давачките кон државата, ќе им се врати земјата
Агровести

Земјоделците на кои им е раскинат договорот за закуп, до одземање од владение ако ги платат давачките кон државата, ќе им се врати земјата

Објавено 30/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пред малку во Собранието на Република Северна Македонија, пратениците ја изгласаа измената на законот за земјоделско земјиште каде што е предвидено земјоделците до одземање на владение на земјата да имаат можност да платат закупнина и останати трошоци кон државата и со тоа автоматски им се враќа договорот што го имале – информира министерот Хоџа.

Поради кризата и други финански проблеми, многу земјоделци, корисници на државна земјоделска земја не стигнаа навреме да ги платат давачките кон државата, со што Министерството за земјоделство им ги раскина договорите. Токму затоа, на иницијатива на

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, сакајќи да им помогне на овие земјоделци да не ја изгубат земјата превзеде мерки и активности, согласно законските можности кои му стојат на располагање.

-Го знаеме проблемот и сакаме да им помогнеме на тие земјоделци кои поради финансиска криза или друга причина, не успеале навреме да ги платат давачките кон државата за земјата која ја имаат под концесија. Ако почневме процедура од Влада ќе траеше многу и затоа разговарав со пратениците од мнозинството кои излегоа во пресрет да се донесе измената на законот за земјоделско земјиште и со тоа да им помогнеме на земјоделците. Упатувам благодарност до пратениците за заедничкото делување во интерес на сите земјоделски производители и домашното производство на храна – вели Хоџа.

–

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:давачкиземјаминистерХоџа
Претходен напис Српски „Телеком“ основа компанија во Македонија
Следен напис Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?