Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цените на житарките на светските берзи варираат, но задржуваат високо ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цените на житарките на светските берзи варираат, но задржуваат високо ниво
Агровести

Цените на житарките на светските берзи варираат, но задржуваат високо ниво

Објавено 28/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Екстремните услови како град, мраз, поплави и суша условуваа за пораст на цената на житарките. Од понатамошниот развој на состојбата на светските берзи зависи колку откупувачите ќе заработат. Поради лошите временски услови цената само би можела да оди нагоре или да се задржи на сегашното ниво, но оваа недела сепак малку падна во однос на минатата.

Моментално во извозното пристаниште во Хамбург цената на пченицата е 217 евра по тон, што е благ пад во однос на една недела порано кога изнесуваше 223 евра. Пченката на чикашката берза CME чини 183,87 евра по тон, а тон пченица 226,43 евра. Што се однесува до парискиот EuroNext пченката се движи околу 259 евра/тон, а пченицата 212 евра. Блиску е и француската берза FOB на која со неа се тргува по цена од 215 евра за тон.

Маслодајната репка и понатаму чини 590,81 евра по тон на канадската ICE, додека тон соја на чикашката CME изнесува 472,51 е.

Лошите временски услови ги поддржуваат високите цени

Топлотниот бран во Северна Америка, како и силните дождови и поплави во Западна Европа и Кина предизвикаа раст на цените. Дождовите што го зафатија источниот дел на Франција и голем дел од Германија не само што ја одложија моменталната жетва, туку предизвикаа штета на посевите нарушувајќи го нивниот квалитет.

Според FranceAgriMeru, француската жетва на пченица пред две недели била на четири проценти, во споредба со 42 проценти ова време лани. Германската задруга Raiffeisen (DRV) ја намали проценката на жетвата на средината на јули за 170.000 тони, на 22,8 милиони тони. За споредба, минатата година се ожнеани 22,1 милион тони, пишува agrarheute.

Меѓутоа, времето на северот на САД и Канада целосно е поинакво. Екстремната суша и повторниот раст на температурата над 40°C влијаат на залихите на пченица. Американското Министерство за земјоделство (USDA) само 11 % од пролетната пченица ја оценило како добра или многу добра, што е најлоша оценка од 1988 година.

Најважните подрачја на пченица во Кина се погодени со рекордни поплави по силните дождови, што би можело да има значајно влијание на глобалната побарувачка на житарки. Поплавите ја погодија провинцијата Хенан, најголемиот регион за одгледување на пченица, заслужни за 30% од производството. Оваа кинеска провинција е и вториот најголем производител на свињи. Поплавите ги поттикнуваат и стравовите дека би можеле да се појават нови случаи на африканска свинска чума.

Извор: agroklub.com

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берзажетвакинапченицапченка
Претходен напис Портокалов метео-аларм следните четири дена – Трудниците и лицата над 60 години да се ослободат од работа
Следен напис Марјанчо Арсов од Пробиштип повеќе од 25 години се занимава со пчеларство: „Пчелар за основно пчеларство на одржлив начин“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?