Ловното друштво „М. Каменица Саса“ продолжува со активностите за прихрана на дивечот во летниот период. Како што информираат од друштвото во рамки на последната активност опфатено е ловиштето во с. Вртиславци, каде што е извршено и нотирање на состојбата со постоечкиот дивеч.
-Наши членови деновиве извршија прихрана со достава на вода на калишта и поилки на неколку локации. Притоа извршивме сликање на дивечот со помош на ловечки камери на самото ловиште М. Каменица – Саса – М. Каменица. Покрај редовните законски одредени денови за прихрана на дивеч, прихраната деновиве се врши најмногу поради сушниот период што го зафати регионот, истакнаа од ловното друштво „М. Каменица Саса“.

Ова друштво во моментот е концесионер на едно ловиште, ловиштето Вртиславци, кое е со големина од околу 6000 хектари.
-Имаме одлична соработка со ловџиите од соседно Делчево, меѓу нашите ловишта речиси и да нема граница. Како ловно друштво броиме околу 80 членови, а ловиштето „Вратиславци“ е честа мета на гости ловџии од повеќе градови, најчесто од Скопје – додадоа од каменичкото ловно друштво.
Од постоечките фотографии направени со ловечки камери ловџиите велат дека состојбата со дивеч во моментот е стабилна, што според нив навестува успешна ловна сезона.
Извор: МИА
