Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пад на цените на нафтата на меѓународните пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пад на цените на нафтата на меѓународните пазари
Агровести

Пад на цените на нафтата на меѓународните пазари

Објавено 27/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на нафтата паднаа на почетокот на неделава на меѓународните пазари под 74 американски долари, поради загриженоста за побарувачката во услови на ширење на ковид-19 и промените во законите за увоз во Кина.

На лондонскиот пазар цената на барелот ослабе за 35 центи во споредба со претходното затворање и изнесуваше 73,75 долари. На американскиот пазар падна 44 центи и се тргуваше по 71,63 долари за барел.

Во раната трговија, цените на барелот на двата пазари изгубија повеќе од еден долар.

Бројот на случаи на коронавирус продолжи да расте за време на викендот, а некои земји кои потврдија рекордни дневни стапки на раст и ги проширија рестриктивните мерки кои ја забавија побарувачката на нафта. Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, исто така, бележи пораст на нови случаи на ковид-19.

Покрај тоа, мерките на Пекинг за спречување на злоупотреба на увозни квоти, комбинирани со притисок од високите цени на сурова нафта, може да го забават кинескиот раст кој е со најголема стапка во последните две децении.

Силната побарувачка од САД и очекувања за тесно снабдување помогнаа цените на двата пазари да закрепнат по падот од седум проценти минатиот понеделник и минатата недела да ги остварат своите први добивки во последните две до три недели.

Глобалните пазари на нафта се очекува да останат дефицитарни, и покрај одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници да го зголемат производството во остатокот од годината.

ОПЕК на својата веб-страница денес објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во петокот е 73,03 американски долари, што значи дека порасна за 94 центи од претходниот работен ден.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:нафта
Претходен напис Сончево и многу топло со температура до 39 степени
Следен напис (Фото) Малиот малинар Јован не се откажува – од рано утро на патниците им продава малини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?