Во насока на целосна транспарентност, денеска се одржува јавна расправа за содржината на Нацрт – Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.
На јавната расправа присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, и претставници од сите економски партнери на Министерството за земјоделство – Здруженија на земјоделци, стопански комори, подсекторски групи, експерти како и невладини организации, кои во изминатиот период искажаа определени ставови во однос на Законот.
