Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Mемеди и Бабовски потпишаа меморандум за соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Mемеди и Бабовски потпишаа меморандум за соработка
Агровести

Mемеди и Бабовски потпишаа меморандум за соработка

Објавено 17/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите луѓе на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – “Македонијапат”, Беким Мемеди, денес потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции. Со меморандумот се официјализира соработката на дефинираните активностите за  пријавување и доставување на трупови од угинати животни (куче, мачка, зајак, лисица, волк, куна, ласица, шакал, дивокоза, срна и дива свиња) кои на државните патишта на целата територија на земјава, ќе бидат најдени од страна на вработените на ова јавно претпријатие при извршување на работните задачи. 

Како што нагласи Бабовски, со потпишување на овој меморандум за соработка ќе се зголеми нивото на заштита на здравјето на животните и на луѓето, но и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот на државните патишта. 

Мостри од угинатите животни кои ќе бидат најдени ќе бидат земени од страна на надлежниот официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство кој ќе ја води постапката при пријава на најдено угинато животно, за што од страна на АХВ ќе биде обезбедена и опрема за земање на мостри од угинатите животни. Официјалниот ветеринар е задолжен да врши и надзор и контролата на активностите. Мострите ќе се земаат за контрола и мониторинг на болести кај животните, согласно законските одредби за инспекциски надзор, ветеринарно здравство и Годишна наредба за здравствена заштита на животните. 

За реализирање на овие активности со вработените од ЈП “Македонијапат” ќе бидат склучени посебни договори, со секој вработен, а дефинирани ќе бидат и финансиски средства за спроведување на предвидените активности со Меморандумот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бабовскибекиммеморандумхрана
Претходен напис Голем дефект причина за празните канали во Градско, Водоврати и Виничани, од денеска вода ќе има
Следен напис Eдна убава фото приказна: Студентката Ангела на пракса во фарма со кози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?