Карфиолот е едногодишно растение од семејството зелки и се вбројува во групата на најквалитетен зеленчук.
Услови на успевање
Оптималната температура за раст и развој е околу 18 степени Целзиусови. Најдобро му одговара влажност на земјиште помеѓу 70 и 80% воден капацитет. Зголемената влажност на земјиштето штетно се одразува на органолептичките својства на плодот, кој станува неароматичен, со ниска содржина на шеќер и минерални материи.
Поволната релативна влажност на воздухот за карфиолот се движи околу 85-90%. Чувствителен е на недостаток на влага. Потребите за влажност се прилично големи, а особено во време на зачнување и формирање.
Температурите над 25 степени Целзиусови се неповолни, кога ги следи воздушна и земјена суша многу штетно влијаат на развојот на растението и на приносот. Карфиолот не е отпорен на ниски температури како зелката. Бара плодна, топла и ровка земја, со неутрална реакција (6,5-7,2 pH). Карфиолот има умерена потреба за светлина, но не поднесува сенка.

Ако нема доволно светлина, растенијата остануваат недоволно развиени, а плодовите ситни и со лош квалитет, затоа карфиолот на треба да се одгледува во здружени посеви. Неповолните услови во текот на производството предизвикуваат физиолошки пореметувања (ситен цвет, надраснување, папки, јаловост) што делумно или во целост ја намалува пазарната вредност на карфиолот.
Ѓубрење
Во производството на карфиол се користат органски и минерални ѓубрива. Карфиолот поволно реагира на ѓубрење со арско ѓубре, бидејќи со подобрени структури на земјиштето се постигнува подобра аерација. Арското ѓубре се внесува во количина од околу 50-60 тони/хектар. Покрај тоа, од минералните ѓубрива потребно е да се внесе 100-200 кг/ха азот, 80-100 кг/ха фосфор и 200-250 кг/ха калиум.
Прецизни норми на ѓубрива можат да се одредат дури врз основа на резултатите од агрохемиската анализа на земјиштето.
Берба
Се бере за време на суво и сончево време со отсекување на соцветието со лисјата кои го обвиткуваат, а потоа листовите се скратуваат за само од страните да се заштити соцветието. После бербата цветовите мора да се заштитат од сончева светлина за да не дојде до промена на нивната боја. Доколку се задоцни со берба, може да дојде до издолжување на цветните гранки на цветовите, тие стануваат растресити и ја губат бојата.
Извор: agrosavjet.com
