Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мечка прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мечка прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села
Агровести

Мечка прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села

Објавено 12/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мечка продолжува да прави големи штети врз пчеларници во неколку делчевски села, а по упадите во пчеларници во атарите на селата Селник и Очипала, во последниот случај нанесена е голема штета на пчеларник во село Киселица, кој целосно е уништен.

Мечката во Делчевско повторно се врати на сладок мед во пчеларникот на Стојчевски Методија-Мичан во село Киселица, и за жал уништи и други семејства на пчели. Време е да се преземат некои мерки. Мислам дека нема пари кои можат да ги надокнадат загубите. Нека се реагира до соодветните институции и мечките да се сместат во зоолошка или некој резерват, велат граѓани.

Дел од жителите на соседното село Очипала, претпоставуваат дека мечката најверојатно ја префрлила границата доаѓајки од резерват во Бугарија. Ова пред неколку години го потврдија и од ловните друштва од двете страни на границата кои тврдеа дека имаат забележано мечки долж граничниот појас.

Освен мечката која прави пустош, пред две недели во атарот на село Очипала, делчевецот Косте Китановски при работа на поле во близина на селските гробишта, забележал две мечиња кои се разладувале и пиеле вода на блискиот поток.

Претходно мечката уништи и други два пчеларници во атарите на селата Селник и Очипала.

https://www.facebook.com/delcevo365.mk/photos/pcb.1102766236915784/1102765180249223

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мечка
Претходен напис Оваа година градината „обојте“ ја виолетова – освен визуелното доживување, растенијата и плодовите со виолетова боја се многу здрави
Следен напис Олеснување околу документацијата за апликантите заинтересирани за новиот повик на ИПАРД II , Мерка 7
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?