Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русите направија сорта на орев што може да се скрши со рака
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Русите направија сорта на орев што може да се скрши со рака
Агровести

Русите направија сорта на орев што може да се скрши со рака

Објавено 09/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Биолозите од Самарскиот универзитет со селекција добија две нови сорти ореви кои добро поднесуваат студ и суша, а исто така и лушпата на плодот може да се скрши едноставно со стегање во рака. Сортите ги добија називите Самарец и Волжанин.

„Научниците од Самарскиот национален истражувачки универзитет „Академик С. Корољов“ во текот на процесот на селекција успеаја да одгледаат две нови сорти ореви кои имаат специфични особини: можат да ги поднесат неповолните временски услови на Средното Поволжје, а нивната лушпа е толку тенка, што повеќе нема да ви требаат чекан и крцкалка за да стигнете до вкусното јадро. Доволно е да ги стегнете оревите во вашата рака“, се наведува во соопштението на универзитетот.

Според заменик-директорот на Ботаничката градина на Самарскиот универзитет, селекторот на ореви Александар Помогајбин, новите сорти поднесуваат студ и суша, а исто така успешно издржуваат и мраз. „Плодовите созреваат во септември, што понекогаш се пренесува на почетокот на октомври. Покрај тоа, самарските ореви лесно се отвораат при слаб притисок и може да се скршат едноставно со стискање на шаката. Планираме да ги патентираме двете сорти, веќе поднесовме пријави. Сортите ги добија називите Самарец и Волжанин“, изјави Помогајбин.

Според информациите на прес-службата, при одгледувањето на новите сорти е користен наједноставниот начин на селекција: вкрстено опрашување. Процесот на селекција е извршен во Ботаничката градина на парцелата за ореви, која веќе има 900 стебла. Се наведува дека оревите на самарските сорти имаат пријатен вкус и немаат горчина.

 Russia Beyond 

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:кршиореврака
Претходен напис Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите
Следен напис ХЕМОМЕТАЛ: Пристигна машината за собирање јаткасти плодови HASATSAN H1800 MECHANIC HARVESTER
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?