Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Бачовски: Мерка 7 од ИПАРД, поддршка од 1.500 до 1.000.000 евра, повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > (ВИДЕО) Бачовски: Мерка 7 од ИПАРД, поддршка од 1.500 до 1.000.000 евра, повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци
Фондови

(ВИДЕО) Бачовски: Мерка 7 од ИПАРД, поддршка од 1.500 до 1.000.000 евра, повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци

Објавено 08/07/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски денеска го најавија новиот повик од ИПАРД II програмата.
Станува збор за Јавен повик за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ преку кој во наредниот период на микро и малите претпријатија на располагање им се 9,6 милиони евра за реализација на инвестиции во повеќе сектори. 
„Средствата од овој jавен повик се наменети за поддршка на инвестиции кои ќе придонесат за да стимулираме развој на економски активности во руралните средини и руралниот туризам. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува 9.6 милиони евра, со можност во текот на јавниот повик, износот да се зголеми. Средствата се обезбедни со поддршка од 75% од ЕУ фондови и 25% национално ко-финансирање, а вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата, нема да ја надминуваат границата од 65%. Со реализацијата на овој јавен повик, целосно ќе ги искористиме средствата кои ни се располагање од ИПАРД II Програмата“, изјави министерот Хоџа. Тој додаде дека искористувањето на финансиските средства од Европската Унија во земјоделството и руралниот развој, се на највисоко можно ниво од почетокот на ИПАРД Програмите кај нас. Ние застанавме на лидерското место помеѓу земјите од Западен Балкан, кориснички на ИПАРД. Европската Комисија по извршениот мониторинг, во последниот извештај за реализација на програмите за економски реформи ја издвои Република Северна Македонија како најуспешна. Ние го добивме највисокиот индекс на успешност во споредба со земјите од регионот, во однос на степенот на искористеност на ИПАРД II. Оваа година е трета по ред, во која имаме максимална искористеност и нема да враќаме неискористени средства.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакана дека главната цел на оваа мерка е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини, преку развој и промоција на руралниот туризам, зачувување и развивање на занаетчиските активности и мотивирање на руралното претприемништво.
„Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативното земјоделско производство, инвестициите во производство на прехрамбени и не-прехрамбени производи, инвестициите во занаетчиските дејности, инвестиции во услуги за руралното население и инвестициите во руралниот туризам. Како корисници на мерка 7 се прифатливи и физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија. Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци. Проектираниот буџет за оваа мерка е 9.6 милиони евра, со можност за негова екстензија. Ова се сериозни средства кои ќе имаат директен импакт врз развојот на постојните, како и отварањето на нови мали и микро претпријатија кои се главните мотори на домашната економија“, истакна директорот на АФПЗРР, Бачовски.
На последниот повик, преку мерка 7 склучивме 80 договори со вкупна поддршка од 8,5 милиони евра. Овие договори се зачеток на нови инвестиции во земјоделството, нови индустриски капацитети во руралните средини, нови сместувачки и угостителски комплекси кои ја збогатуваат лепезата на домашната туристичка понуда. 
Досега се веќе исплатени 30% од средствата на Програмата, а потпишани се договори за речиси 80% од средствата.
Во тек се и активности за подготовка на новата ИПАРД Програма 2021-2027 или ИПАРД III, преку која се очекува Република Северна Македонија да добие за 60% повеќе средства во споредба со ИПАРД II.
Ние сме лидери во регионот и од аспект на програмирање на новата ИПАРД III Програма, која очекуваме да биде проширена за дополнителни четири мерки. Веќе се започнати консултации по однос на програмскиот документ и предвидените мерки. Се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД Програма 2021-2027 за нашата држава, во декември оваа година.

Крајниот рок за поднесување барања е заклучно со 22 август 2021 година. Сите заинтересирани, потребната документација може да ја симнат од веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:Ипардмеркасубвенциифонд
Претходен напис (ВИДЕО) Хоџа: Објавен нов повик од ИПАРД 2, на располагање 9,6 милиони евра за проекти преку мерка 7
Следен напис Синдикалната минимална кошничка во јуни 34.212 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?