Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на АХВ, Николче Бабовски избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на АХВ, Николче Бабовски избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни
Агровести

Директорот на АХВ, Николче Бабовски избран за член на УО на Платформата на OIE за благосостојба на животни

Објавено 06/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На маргините на 88ма генерална сесија на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), се спроведоа затворени пленарни сесии на специјализираните комисии на OIE на кои беа избрани нови членови на неколку платформи.

Во рамките на пленарните сесии се формираше нов управен одбор на Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа. Новите членови на управниот одбор се делегатите на:

  • Ирска
  • Израел
  • Казахстан
  • Северна Македонија и
  • Португалија

Република Северна Македонија во управниот одбор на Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа ќе ја претставува директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, кој воедно е и делегат на Светското собрание на делегати на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE).


Членовите на Управниот одбор на оваа платформа имаат мадат од три години и истиот може да се продолжи.


Општата цел на оваа платформа е да се подобри благосостојбата на животните во сите 53 земји во Европа, членки на ОИЕ и да се зајакнат ветеринарните служби преку преземање заеднички активности поврзани со благосостојбата на животните во согласност со стандардите на OIE.


Поконкретно, Платформата на OIE за благосостојба на животни во рамки на Европа има цел да ја подигне свесноста за благосостојбата на животните во Европа, да обезбеди брз напредок во спроведувањето на стандрдите на OIE од областа на благосостојбата на животните како и да го охрабри учеството во процесот на воспоставување на стандардите на OIE.


Задачите на управниот одбор се состојат од:

  • (i) Обезбедување на насоки до Секретаријатот на платформата за изготвување на Акционен план, проценка и одобрување на нацрт Акциониот план пред тој да биде доставен до регионална комисија на OIE за Европа за валидација
  • (ii) Следење на спроведувањето на Акциониот план, обезбедување насоки и препораки за активностите и одобрување на измени и прилагодувања; 
  • (iii) Обезбедување поддршка во однос на методологијата, податоците, ресурсите, собирање средсва или било која друга активност потребна за поддршка на Секретаријатот; 
  • (iv) Соработка со други членови на Регионалната комисија на OIE за Европа со цел промоција на активностите на Платформата како и добивање придонес во форма на коментари и препораки за подобрување.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николче Бабовскисветска органзизација
Претходен напис Голем број пожари на отворено, изгореле хектари со пченица во Тетовско
Следен напис Времето денеска многу топло, температурата до 39 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?