Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата
Агровести

Хоџа: Не прифаќам уцени, и мелничарите се виновни за состојбата

Објавено 05/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска директно и недвосмислено им порача на мелничарите дека не прифаќа уцени. Најави состанок со нив наредните денови и оцени дека и тие се делумно виновни за актуелната ситуација во преработувачката индустрија.

Според Хоџа, секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава државата, за толку тие им намалиле на земјоделците во делот на цената.

-Мислам дека ќе се изнајде решение, но поставување уцени нема никогаш да прифатам, а не верувам дека таков начин ќе прифати и Владата. Мелничарите многу добро знаат дека во одредени периоди и тие се виновни за ситуацијата во која се наоѓаме сега, а генерално, цените во регионот се солидни зашто има недостаток и не очекувам дека ќе биде проблематична сезоната кај нас, рече Хоџа, одговорајќи на новинарски прашања на настанот по повод новините во фитосанитарната политика.

Министерот потврди дека со мелничарите имал неколку состаноци.

– Наредните денови сигурно ќе имаме дополнителен состанок со нив за да се разјасни ситуацијата. Јас сум им кажал, еве и јавно ќе повторам, можеби не е допломатски, ниту политички, но ние не може да поддржиме само интервентно преработка на пченицата. Секогаш кога се давани дополнителни средства на мелничарите, испаднало дека колку што дава државата, за толку тие им намалиле на земјоделците во делот на цената – напомена Хоџа.

Мелничарите денеска најавија дека ќе ја откупуваат годинашната пченица по 8,5 – 10,5 денари зашто не ја добиле ветената поддршка од Владата. Како што изјавија, пред девет месеци на средба со министерот Хоџа било договорено да добијат по два денара за секој откупен килограм пченица и оваа поддршка да се вметне во редовните годишни програми за исплтата.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мелничариХоџа
Претходен напис Земјоделците од Прилеп, Битола и Тиквешијата најавуваат протест
Следен напис (ВИДЕО) Ментор Усаиновски од Граешница: Земјата треба да ја знаеш, да ја работиш како што треба и тогаш има заработка, а не само пали тракторот и оди на нива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?