Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста
Агровести

Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста

Објавено 05/07/2021
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 73,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 63 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува и останува 63 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,567 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,719 денари. Како причина за промената на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај бензинот во просек за околу 1,472 отсто и кај дизелот за околу 0,301 отсто, како и за 0,157 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дизел
Претходен напис Без соодветна обука, сертифицирана опрема и лиценца нема користење пестициди
Следен напис Земјоделците од Прилеп, Битола и Тиквешијата најавуваат протест
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?