Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлотниот бран шок за земјоделските култури, а не оди во прилог ни на пчеларството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлотниот бран шок за земјоделските култури, а не оди во прилог ни на пчеларството
Агровести

Топлотниот бран шок за земјоделските култури, а не оди во прилог ни на пчеларството

Објавено 02/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Натпросечните температури кои ја зафатија земјава предизвикаа шок кај земјоделските култури. Според агрометеоролозите, дехидира зрното кај пченицата која ја немаше постигнато целосната зрелост, а енормно се зголеми и потребата од вода за одржување на вегетацијата кај останатите култури.

Од друга страна, ваквите временски услови беа оптимални и овозможија непречена жетва на јачменот која е во полн ек.

-Наредната седмица, особено за викендот, се очекува мала промена на временската состојба, со благ пад на дневните температури, што би се одразило позитивно кај културите, а во понеделник со условите за повремен локален дожд, уште повеќе ќе се релаксира состојбата, особено во реоните каде што врнежите би биле забележани. Во втората половина од седмицата се очекува повторно постепено покачување на температурите, кои не треба да го надминат 38-миот степен, без врнежи, па затоа препорака е да се стартува и со жетвата на пченицата, секаде каде што е тоа возможно – нагласуваат агрометеоролозите од УХМР.

Потребата од вода за пролетните окопни култури или градинарските култури останува главен приоритет, при што неопходни се наводнувања и целосно активирање на системите за таа намена.

-Високите температури на воздухот предизвикуваат и предизвикаа предвремено зреење на сезонските видови овошки, со што и нивото на шеќерните единици е намалено. Ваквите временски услови воопшто не му одат во прилог и на пчеларството, кое и оваа година е во многу незавидна состојба и ќе резултира со многу ниски приноси – предупредуваат агрометеорлозите.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:топлотен бран
Претходен напис Рускиот дисконт „Мере“, познат како „руски Лидл“ влегува во Македонија
Следен напис Дали „зелениот план“ ќе го намали производството на пченица и маслодајна репка и ќе го зголеми увозот во ЕУ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?