Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите
Агровести

Средба на земјоделци со претставници од МЗШВ и ФЗНХ по повод Меѓународниот ден на задругите

Објавено 02/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мрежата на земјоделски задруги во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска организира средба по повод 3 јули, Меѓународниот ден на задругите.

На средбата ќе присуствуваат претставници на земјоделски задруги, Министерството, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) и Македонската развојна фондација на претпријатија. Домаќин, заедно со Мрежата на земјоделски задруги, е и Земјоделската задруга Преспа АППЛЕ од село Асамати.

Предвидено е да се обратат министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа, претседателот на Мрежата на земјоделски задруги, Менде Ивановски и менаџерот на Преспа АППЕ, Агрон Реџепи.

-Одбележувањето на овој ден во нашата држава е прилика и придонес за информираност и едукација на јавноста, за мобилизирање на политичката волја и ресурси за решавање на глобалните проблеми преку кооперативниот модел на организирање на фармерите со промоција на социјално одговорен, но и претприемачки земјоделски задружен модел кој ќе обезбеди одржливост и целно ориентиран развој – велат од Мрежата на земјоделски задруги.

Максимата секој фармер – член на најмалку една земјоделска задруга е стратешка цел на Мрежата.

-Уверени сме дека заедничкиот настап преку задругите ќе биде силен одговор на предизвиците и во пласманот и во набавките и во примената на стандарди и добра земјоделска пракса, дополнуваат од Мрежата.

Годинашното мото на Меѓународниот ден на задругите кој се одбележува 27-ма година по ред, е „Да обновиме заедно-да изградиме подобро”.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџамзшв
Претходен напис Штедроста на изворот Студенчица во месец јуни опадната за 250 литри
Следен напис Времето денеска посвежо со мала локална облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?