Успешно е завршен Проектот „Воведување и спроведување на мерките за заедничко уредување на пазарите“, спроведен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка од ЕУ.
Во присуство на претставници на Делегацијата на Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Институтот за земјоделство, Конзорциумот We Global, Националната федерација на фармери и други невладини организации, денеска учествував на свечена церемонија со која официјално се затвори проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“. Проектот е спроведен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од страна на Конзорциумот WeGlobal и неговите партнери, со финансиска поддршка од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија, во вредност од 896.400 илјади евра.

Главната цел на проектот е унапредување на конкурентноста на земјоделскиот сектор како и зајакнување на капацитетите во МЗШВ, ДИЗ и другите релевантни институции во делот на уредување на земјоделските пазари. Се воспоставуваат одредени правила, како и сет на мерки за регулирање и поддршка на земјоделските пазари во насока на нивно нормално функционирање и одржливост.

Уредувањето на пазарите на земјоделските производи на начинот на кој тоа го има уредено Европската Унија е од исклучително значење за земјоделскиот сектор на Република Северна Македонија и се очекува силно позитивно подобрување на конкурентноста на домашните земјоделски производи.
Фејсбук-статус на министерот Арјанит Хоџа.
