Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Фото) Уреден пристапот до Црнодолскиот Водопад во туристичката населба Равна Река кај Пехчево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > (Фото) Уреден пристапот до Црнодолскиот Водопад во туристичката населба Равна Река кај Пехчево
Рурален Развој

(Фото) Уреден пристапот до Црнодолскиот Водопад во туристичката населба Равна Река кај Пехчево

Објавено 01/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски заедно со градоначалникот на Општина Пехчево, Драган Тренчовски денеска ја посети туристичката населба Равна Река, каде што неодамна заврши проектот за партерно уредување на Црнодолскиот Водопад, при што изрази задоволство од реализираните активности преку кои се подобрува туристичката понуда во Малешевијата.

-Оваа туристичка атракција која што не била достапна за граѓаните или тешко достапна, сега ја уредивме со патека од 850 метри со видиковци, со клупи за одмор, со тоа што овозможивме да има пристап до туристите – рече Милевски.

Тој информираше дека Министерството денеска склучи договорот во висина од четири милиони денари за осветлување на патеките на Беровското Езеро.

-Целосно се посветуваме на развојот на туризмот во овој регион, бидејќи само тоа може да го истакне регионот, да донесе многу туристи и да ја подобри економската состојба во регионот. Мене ми е мило што Берово и Пехчево нудат заедничка понуда за туристите и само така заеднички здружени можеме да настапиме и да дадеме една поквалитетна понуда за да ги задржиме туристите повеќе во овој регион – додаде Милевски.

Министерството за локална самоуправа, како што дополни, и во иднина ќе ги поддржува ваквите проекти.

Проектот за партерно уредување на Црнодолските водопади опфаќа низа содржини кои според пехчевскиот градоначалник Драган Тренчовски значат зголемување на понудата за туристите кои го посетуваат ова место.

May be an image of 6 people, people standing, tree and outdoors

-Ја уредивме патеката во должина од 870 метри, имаме изградено 10 мостови, четири викендици, видиковци, платформа пред водопадот што претставува дополнителен стимул и ефект на сите оние коишто ќе го посетат да имаат можност да се фотографираат пред самиот водопад. Убеден сум дека и во иднина ќе продолжиме со исти такви активности за развој на туризмот кој е моментално голем потенцијал за нашата општина, а се разбира и за нашиот регион – рече Тренчовски.

Проектот се реализира преку националниот буџет на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, додека дел од средствата се обезбедени од локалната самоуправа преку Програмата за Источнопланскиот регион за 2020 година кој во тие рамки реализираше Регионални форуми во заедницата и притоа овој проект беше одбран како еден од приоритетните за реализација.

May be an image of 3 people, people standing and outdoors

-Мене ми е задоволство да кажам дека за првпат кога Источниот плански регион започна со спроведување на регионални форуми на заедницата овој проект беше нотиран меѓу првите пет проекти и на задоволство и на општина Пехчево подготвивме техничка документација. Проектот се исфинансира така што не е залудно учеството на целокупното население во идентификување на приоритетите. Задоволство е огромно што се заврши проектот и уште поголемо задоволство е што има позитивни коментари и придонесовме во промоцијата на овој убав пехчевски водопад – рече Зуица Ангеловска од Центарот за развој на Источно-планскиот регион.

Информираше дека во наредниот период како дел од акцискиот план предвидено е и уредување на спортско рекреативни терени на Равна Река, за што е спремена апликација, општината има изготвена техничка документација од страна по што се очекува финансирање на проектот.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:пехчеворавна рекаЦрнодолскиот Водопад
Претходен напис Шар Планина прогласена за Национален парк
Следен напис (Фото) Во Пробиштип отворен музеј за ретки минерали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?