Со свечена церемонија, на која ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Скопје официјално ќе се затвори проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите”.
На настанот ќе присуствуваат и претставници на Делегацијата на Европската Унија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Институтот за земјоделство, Конзорциумот We Global, Националната федерација на фармери и други невладини организации.
