Неодамна се формираше ново земјоделско здружение кои ги обединува „малите“ производителите на свинско месо.

Со Бојан Ѓорѓиевски, претседателот на Здружението за производство на свинско месо „Домашно прасе“ разговаравме за целите на здружението, плановите за иднина, како и очекувањата од соработката со МЗШВ, АХВ и другите институции.
„Целта на Здружението е да го претстави заедништвото на малиот фармер, за секој проблем што го има малиот фармер, Здружението да застане зад него. Следна точка ќе ни биде да се брендира секоја фарма, кланица, месара, кафеана што ги користи нашите производи. Ние одиме со целта „Од фарма до трпеза“, рече Ѓорѓиевски за Агротим.
