Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Градинарите од Струмичко задоволни од откупните цени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Градинарите од Струмичко задоволни од откупните цени
Агровести

Градинарите од Струмичко задоволни од откупните цени

Објавено 30/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градинарите од Струмичко се задоволни од откупните цени и очекуваат овој тренд да продолжи.

Од градинарските култури засега највисока откупна цена има црвената пиперка одгледана во пластеници. Се откупува по 60 денари за килограм, а првите количини се извезуваат на пазарите во Русија и Украина.

-Освен оваа пиперка голем интерес има за доматите, кои се откупуваат од 25 до 40 денари за килограм, но морам да истакнам дека овие денови квалитетот не е како претходно, бидејќи завршува првата реколта од оваа градинарска култура. За десетина денови се очекува да стаса вториот производствен турнус. Се надевам дека ќе се задржи интересот за нашиот домат, кој годинава има добар квалитет, рече трговецот Блажо Битанов.

Градинарите потврдуваат дека се задоволни од откупните цени, посебно на доматите, но потенцираат дека годинава заради лошите временски услови претрпеле штети на пластениците и посевите.

-Добра е откупната цена на доматите, но и на другите култури. Се што произведов веќе е откупено и последните илјада килограми домати од пластениците ќе ги предадам на трговците утре. Да не беа екстремно променливите временски услови, кои на повеќе производители им предизвикаа штети на пластениците и посевите, ќе имаше повеќе производство и повеќе пари за нас, смета Ристо Велков, градинар од селото Василево.

Инаку, откупната цена на краставиците е 10 денари за килограм, на пиперките 30, а лубениците се откупуваат за 10 денари за килограм.

Според трговците, градинарското производство од Струмичко се извезува на пазарите во Русија, Украина, поранешните југословенски пазари и во земји членки на ЕУ.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откупните цениструмичко
Претходен напис Изработена Стратегија за рурален развој на Долно Лисиче
Следен напис (ВИДЕО) Бојан Ѓорѓиевски: Целта на Здружението „Домашно прасе“ е да го претстави заедништвото на малиот фармер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?