Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Падот на туризмот поради пандемијата може светската економија да ја чини 4.000 милијарди долари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Падот на туризмот поради пандемијата може светската економија да ја чини 4.000 милијарди долари
Агровести

Падот на туризмот поради пандемијата може светската економија да ја чини 4.000 милијарди долари

Објавено 30/06/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Падот на туризмот во целиот свет поради пандемијата со ковид-19 може да доведе до загуби од над 4.000 милијарди американски долари во светскиот БДП за 2020 и 2021 година, покажува извештајот на Конференцијата на ОН за Трговија и развој (УНКТАД).

„На глобално ниво, ударот што ковид-19 му го зададе на меѓународниот туризам само во 2020 и 2021 година носи загуба на БДП-то од над 4.000 милијарди долари,” се наведува во извештајот доставен заедно со Светската организација на ОН за туризам (УНВТО).

Меѓународниот туризам и секторите што зависат од него во 2020 година претрпеа загуби од околу 2.400 американски долари, како резултат на директните и индиректни влијанија врз големиот пад на доаѓањата на меѓународните туристи.

Слична загуба може да се забележи и годинава, се предупредува во извештајот, наведувајќи дека обновувањето на туризмот во голема мера ќе зависи од масовната дистрибуција на вакцините против ковид-19 ширум светот.

-На светот му треба глобален напор за вакцинација што ќе ги заштити работниците, ќе ги ублажи социјалните штети и ќе донесе стратешки одлуки за туризмот со оглед на потенцијалните структурни промени, изјави в.д. генералниот секретар на УНКТАД – Изабел Диран.

Стапката на вакцинација е нееднаква, така што во некои земји вакцинирано е помалку од еден процент од населението, а во други повеќе од 60 проценти, додека извештајот, исто така, наведува дека загубите во туризмот се поголеми во земјите во развој.

УНКТАД презентира и три сценарија за 2021 година, повеќе или помалку песимистички. Најоптимистичкото сценарио покажува просечно намалување за 63 отсто на доаѓањата на туристите.

Експертите не очекуваат дека секторот пред 2023 година или можеби и подоцна ќе може да се врати на вообичаеното ниво, а главните пречки се ограничувањата на патувањата, бавното искоренување на коронавирусот, малата доверба на патниците и неповолното економско опкружување.

Во 2020 година за 74 отсто е опаднат бројот на пристигнувања на туристите во споредба со 2019 година, а почетокот на 2021 година беше уште полош за повеќето дестинации со просечен пад од 88 проценти во споредба со периодот пред пандемијата.

Најтешко погодени се североисточна Азија, југоисточна Азија, Океанија, Северна Африка и Јужна Азија. Најмалку погодени се Северна Америка, Западна Европа и Карибите.

-Меѓународниот туризам денес изгледа како туризмот од пред 30 години. Како да сме во 80-тите години на минатиот век кога станува збор за протокот на туристи – вели Зорица Урошевиќ од Агенцијата за туризам на ОН.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:туризам
Претходен напис Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот
Следен напис „Магна” почнува со производство кон крајот на годината, ќе отвори над 1.200 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?