Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти
Агровести

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на РСМ на четири проценти

Објавено 29/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕБОР ја зголеми прогнозата за економски раст на Република Северна Македонија за оваа година на четири проценти. Тоа е за еден отсто повеќе од проценката во септември 2020. За 2022 исто така проекцијата за раст на БДП е четири отсто

-Во 2020 година, БДП се намали за 4,5 проценти на годишно ниво, како резултат на двоцифрениот пад на инвестициите и извозот, како и на падот од шест проценти на приватната потрошувачка. Овие намалувања беа донекаде урамнотежени со зголемувањето на владината потрошувачка која бележи раст од 10 отсто, стои во Извештајот на ЕБОР.

Се додава и дека индустриското производство се намали за 10 проценти, а секторот трговија, транспорт и сместување за осум отсто. ЕБОР забалежува и дека беа спроведени низа пакети помош, фокусирани на поддршка на ликвидноста на погодените бизниси, заштита на работните места и поддршка на најранливите групи на население преку субвенции, одложувања на данок на доход, обезбедување заеми по поволни услови и гаранции и секторска специфична поддршка.

Во првите четири месеци од 2021 година, индустријата порасна помалку од четири проценти на годишно ниво, но продажбата на мало и извозот се зголемија над 20 и 40 отсто на годишно ниво.

-Делумно закрепнување се очекува во 2021 година, со реален раст на БДП од четири проценти како резултат на закрепнувањето на извозот и приватната потрошувачка, како и одржливата потрошувачка на Владата. Интензитетот на растот се очекува да продолжи во 2022 година со четири проценти како резултат на продолжувањето на приватните инвестиции. Сепак, предвидувањата се неизвесни. Ризици има пред сѐ во брзината на враќање на надворешната побарувачка и во способноста на Владата да ја реализира својата амбициозна агенда за инфраструктурата, се наведува во Извештајот. Од земјите во регионот, проекцијата за Србија годинава е шест проценти, за Албанија 4,5, за БиХ 3,5, за Косово 4 и за Црна Гора 8,5 отсто.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕБОРмакедонијаСкопје
Претходен напис Одгледување на сончоглед – Избегнувајте ги грашокот, сојата, гравот и шеќерната репа како предкултури
Следен напис Во „Стрежево“ уловен сом од 13 килограми
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?