Првите видливи симптоми на топлински стрес кај домашните животни се послаба консумација на храна, поголеми потреби за вода, опаѓање на производството на млеко и послаб прираст. Животните почнуваат да се занесуваат и да се тетерават, по што обично паѓаат.
Исто така, нивниот пулс е покачен, слабо слушаат, дишењето им е плитко, а телесната температура им е зголемена.
Ако не им се помогне, смртта може да настапи веднаш или за неколку часа. Животните кои доживеале топлотен удар треба да се полеваат и да се тријат со ладна вода и на тој начин да се направи обид да се намали телесната температура.
Експертите апелираат на претпазливост при транспорт на жив добиток. Ако се набиваат во возилото и ако температурите се високи, крвта кај животните се прегрева. Затоа, во вакви денови животните треба да се превезуваат исклучиво навечер и наутро.
