Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Добивме статус на земја слободна од болеста чума кај мали преживари, ќе може да извезуваме живи животни и нивни производи во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > АХВ: Добивме статус на земја слободна од болеста чума кај мали преживари, ќе може да извезуваме живи животни и нивни производи во ЕУ
Сточарско производство

АХВ: Добивме статус на земја слободна од болеста чума кај мали преживари, ќе може да извезуваме живи животни и нивни производи во ЕУ

Објавено 25/06/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби официјално известување од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ дека Република Северна Македонија го доби статусот на земја слободна од болеста чума кај малите преживари (овци и кози), со што го исполнивме условот земјава од страна на Европската комисија да биде одобрена за извоз, не само на месо од овци и кози, туку и на живи животни и нивни производи, информира директорот на АХВ Николче Бабовски.

-Добивањето на сертификатот за слободна земја од оваа болест, согласно препораките од Научната комисија за болести кај животните и Светското собрание на делегати на ОИЕ, за Република Северна Македонија претставува основа за полесен пристап до меѓународните и отворање на нови пазари, но и мотив за уште поголемо унапредување на овчарството и козарството во земјава – изјави Бабовски.

За добивање на статусот слободна земја од болеста чума кај мали преживари, посочи Бабовски, АХВ до ОИЕ минатата година достави апликација и досие во кое детално беше наведена состојбата со болеста во земјава, постоечките контролни системи и поставеноста на ветеринарната служба, надзорот и други податоци релевантни за добивање на овој статус. Болеста чума кај малите преживари, додаде тој, не е опасна за луѓето, но, причинува големи економски загуби кај овците и козите.

-Болеста задолжително се пријавува во ОИЕ и затоа и покрај добивањето на статутот слободна земја од болеста чума кај малите преживари, Агенцијата за храна и ветеринарство има обврска за задолжително информирање на ОИЕ за тековната и за евентуална промена на епидемиолошката состојба со болеста чума кај малите преживари – потенцира Бабовски.

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
Таг:ахвмали преживаричума
Претходен напис Во Криовапаланечко започна бербата на печурки, секој денар е добредојден, но доживувањето при бербата е бесценето
Следен напис Министерот Хоџа учествуваше на најголемиот меѓународен саем за земјоделство и сточарство AGROEXPO во Турција.
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?